Зеленски нема да биде дел од делегацијата во преговорите со Русија, тврди украинската амбасадорка во САД

Њујорк, 27 февруари 2022 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски „дефинитивно нема да биде дел од делегацијата во преговорите со Русија“. Тоа го изјави амбасадорката на Украина во САД, Оксана Маркарова.

Таа за Си-Ен-Ен изјави дека украинскиот претседател останува да ја „брани земјата“, го повика рускиот претседател да ја прекине војната и рече дека Украина ќе испрати делегација на преговорите. Амбасадорката додаде дека Украина е секогаш подготвена за разговори, но дека не е подготвена да се предаде.

Прочитајте и:  Москва: Дискусиите на Западот за вооружување на Украина со нуклеарно оружје се крајно неодговорни
- Реклама -