Неколку олигарси блиски до Путин ја напуштиле Москва и се кријат на француските Алпи

Париз, 26 февруари 2022 (МИА) – Според пишувањето на париски „Либерасион“, неколку олигарси блиски до Путин ја напуштиле Москва и се кријат на француските Алпи, јави дописникот на МИА.

Користејќи јавни податоци за движењето на приватните авиони, активист на постојано ажурирана веб-страница ја објавува локацијата на олигарсите на Путин. Според овие податоци, многу од нив заминале од Москва за Франција.

Така приватниот авион на мултимилијардерот Роман Абрамович, поранешен сопственик на Газпром, вчера во петокот ја напушти Москва и слета на аеродромот Шамбери во Савоа. Речиси во исто време, во Савоа слета авионот на Виктор Векселберг, сопственик на рускиот конгломерат Ренова, веќе погоден од американските санкции минатата година.

Иста дестинација за Алишер Усманов, поранешен претседател на инвестицискиот холдинг „Газпром“ и магнат на медиумски и телекомуникациски компании, чиј авион слета во Шамбери на 19 февруари, но кој вчера заминал од француска територија за Цирих.

Очигледно е и дестинацијата на авионот на Дмитри Риболовлев, еден од најголемите светски производители на калиумово ѓубриво, кој полетал во саботата наутро и требало да слета во Шамбери. Таму ќе го најде петтиот олигарх близок до Путин, Михаил Прохоров, поранешен советски државен службеник кој стана мултимилијардер благодарение на мистериозната инвестиција во рускиот никелски гигант Норилск Никел, чиј авион слета во Шамбери на 18 февруари.

- Реклама -