Париз, 26 февруари 2022 (МИА) – Светот мора да се подготви за долга војна меѓу Русија и Украина, откако Москва започна инвазија на својот прозападен сосед, предупреди денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
„Ако можам да ви кажам една работа утринава, тоа е дека оваа војна ќе трае… Оваа криза ќе трае, оваа војна ќе трае и сите кризи што доаѓаат со неа ќе имаат трајни последици“, рече Макрон на годишниот саем за земјоделство во Франција.
Тој упати предупредување: „Мора да бидеме подготвени“.