Москва: Успешен првиот ден од инвазијата, сите задачи се успешно извршени

Москва, 24 февруари 2022 (МИА) – Русија соопшти дека нејзината војска ги постигнала целите поставени за првиот ден од инвазијата врз Украина откако го започна нападот, и покрај предупредувањата за опсежни западни санкции.

„Сите задачи што им беа доделени на вооружените сили на Руската Федерација за овој ден беа успешно завршени“, рече портпаролот на Министерството за одбрана – генерал-мајор Игор Конашенков.

„Од почетокот на специјалната операција, руските вооружени сили онеспособија 83 украински копнени воени инфраструктурни објекти, уништија четири авиони и едно беспилотно летало“, соопшти Конашенков, пренесе ТАСС.

„Вкупно, како резултат на ударите на руските вооружени сили, онеспособени се 83 копнени објекти на воената инфраструктура на Украина. Од почетокот на специјалната воена операција, беа соборени два Су-27, два Су-24, еден хеликоптер и четири јуришни беспилотни летала Bayraktar TB-2 на Вооружените сили на Украина“, додаде тој.

Прочитајте и:  Украина за написот на „Тајм“: Не планираме да развиеме нуклеарно оружје
- Реклама -