Медведев: Европејците многу наскоро ќе плаќаат по 2.000 евра за гас

„Добредојдовте во храбриот нов свет каде Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за 1.000 кубни метри гас“, напиша на Твитер поранешниот руски премиер и претседател – Дмитриј Медведев, коментирајќи ја одлуката на германскиот канцелар Олаф Шолц за прекин на процесот на сертификација на гасоводот Северен тек 2, како одговор на најновите потези на Русија во и во однос на Украина.

Кремљ, пак, изрази жалење за потегот на Германија, но истовремено и надеж дека „одложувањето на Северен тек 2“ е привремено.

Прочитајте и:  Џонсон: Време е на Украина да и се дозволи да се приклучи кон НАТО , без да се чека крајот на војната
- Реклама -