Ердоган: Одлуката на Русија е неприфатлива

Руското признавање на двата самопрогласени независни региони во источна Украина е „неприфатливо“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, повикувајќи ги сите засегнати страни да ги почитуваат меѓународните закони, објавија турските медиуми, пренесе Ројтерс.

„Оваа одлука на Русија ја гледаме како неприфатлива. Го повторуваме нашиот апел за здрав разум и почитување на меѓународното право од сите страни“, изјавил Ердоган за новинарите, при што посочил и дека Анкара има подготвено „превентивни пакети“.

Како што потсетува Ројтерс, Турција, преку Црното Море , е поморски сосед и со Украина и со Русија и има добри односи со двете земји.

Ердоган претходно се понуди и да биде медијатор во конфликтот, дури и ја предупреди Русија за евентуалната инвазија на Украина, а го критикуваше и Западот за тоа како се справува со кризата.

Прочитајте и:  Сирски: Русија се обидува да ги потисне украинските сили од Курск со десетици илјади војници
- Реклама -