Отава, 19 февруари 2022 (МИА) – Полицијата со употреба на сила денеска ги потисна демонстрантите кои ги блокираа улиците во канадскиот главен град, ја презеде контролата над камионите и го расчисти центарот на протестот пред Парламентот.
Десетици камиони заминаа под зголемен притисок, зголемувајќи ги надежите на властите дека ќе го прекинат тринеделниот протест против мерките за борба против коронавирусот во земјата и Владата на премиерот Џастин Трудо.
Властите ја презедоа контролата врз улицата пред зградата на Парламентот, која беше блокирана од демонстрантите со нивните камиони од крајот на минатиот месец и која за време на викендот ќе беше претворена во карневал.
– Ви рековме да заминете. Ви дадовме време да заминете. Бевме бавни и методични, а вие бевте нападни и агресивни кон полицајците и коњите. Врз основа на вашето однесување, ние одговараме со вклучување шлемови и палки за наша безбедност, соопшти полицијата на Отава на Твитер.
PROTESTORS: We told you to leave. We gave you time to leave. We were slow and methodical, yet you were assaultive and aggressive with officers and the horses. Based on your behaviour, we are responding by including helmets and batons for our safety. pic.twitter.com/drxfhG9clP
— Ottawa Police (@OttawaPolice) February 19, 2022