Зеленски: Предупредувањата за непосредна руска инвазија само шират паника

Киев, 12 февруари 2022 (МИА) – Додека сѐ поголем број земји апелираат до своите граѓани да заминат од Украина поради тоа што Русија може да ја нападне земјата, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се шири паника.

Американските предупредувања за непосреден напад на Русија врз Украина предизвикува паника и не им помага на Украинците, истакна Зеленски.

Тој додаде дека „паниката е најдобар пријател на нашите непријатели“.

„И сите тие информации (за напад) само предизвикуваат паника и не помагаат“, посочи Зеленски.

Прочитајте и:  Лавров: Зеленски се исплаши од одговорот на Русија
- Реклама -