Возбудливо и мистично освежување на тв каналите ни пристигнува кон средината на февруари преку новата тинејџерска мистери-хорор серија „Блок 27“. Серијата ни прикажува оригинална и неверојатно интригантна приказна која не вовлекува во нов, досега неистражен, таен свет во обид да се најде одговор на прашањето: зошто не постои Блок 27?
Публиката ја очекуваат шест епизоди за тинејџерите Милица, Богдан, Дарко и Растко кои ги толкуваат младите Ема Пендлбури, Вељко Илинчиќ, Стефан Лазиќ и Андреј Јововиќ. Заплетот на оваа возбудлива приказна почнува со исчезнувањето на 14-годишниот Растко во блоковите на Нов Белград, кога неговата сестра близначка одлучува сама да појде по својот брак, кој исчезнал во блок кој што всушност не постои.
Креатор на серијата е Иван Кнежевиќ, режијата е доверена на Милица Томовиќ и Момир Милошевиќ, а сценариото го потпишуваат Иван Кнежевиќ, Борис Гргуровиќ, Љубица Луковиќ и Бобан Јевтиќ.
Овој заеднички проект на продукциската куќа Firefly и Телеком Србија премиерно ќе биде емитуван во деновите од викендот во ударниот термин 21 часот почнувајќи од 19 февруари на каналот Суперстар.
Во меѓувреме, на Суперстар каналот тече репризното издание на една од најгледаните регионални серии „Тајните на виновата лоза“ исто така дел од продукцијата на Телеком Србија. Се работи за интригантна приказна за две винарски семејства од северот и истокот на Србија. Серијата раскажува приказна за вино, љубов, тајни од минатото, пари, измами и сето она што го чини секојдневниот живот. Сценариото е пишува од познатата српска писателка Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ, додека режијата ја потпишуваат Марко Манојловиќ, Ана Марија Роси, Коста Ѓорѓевиќ и Дејан Караклајиќ.
„Тајните на виновата лоза“ при премиерното прикажување постигна исклучително висока гледаност, потврдено и со престижната награда за најгледана серија на меѓународниот фестивал за драма и серија ФЕДИС кој што се одржа лани во октомври.
Пристап до Суперстар филмските канали македонските љубители на квалитетната телевизиска содржина може да добијат преку сателитската телевизија на Мтел Македонија, членка на групата Телеком Србија. Во тек е промотивна понуда – 12 месеци 50 отсто помала претплата, сите вклучени канали и само еден денар за приклучок.
* Комерцијален текст