Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе предложи Декларација за Гоце Делчев

Фото: Од протестот на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев, септември 2020 година.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во текот на утрешниот ден а по повод 150 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, во македонското собрание ќе поднесе Декларација која што ќе ги исцрта позициите по прашањето за Гоце Делчев во спорот со Бугарија, најави претседателот на партијата – Христијан Мицкоски, во „Само интервју“ на ТВ „Канал 5“.

Мицкоски, прашан дали кога би бил премиер би положил цвеќе на споменикот на Гоце Делчев заедно со бугарскиот премиер Кирил Петков, одговори дека би немал никаков проблем со тоа, но единствено под услов Петков да прифати дека Гоце Делчев е Македонец и се борел за своја македонска независна држава.

Прочитајте и:  Мицкоски: Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок
- Реклама -