Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе се вакцинира со трета доза вакцина против коронавирус, во рамки на заедничката акција со студентите на Медицински, Стоматолошки и Фармацевтски факултет.
Како што информираат од Министерството за здравство, станува збор за иницијатива на студентите од овие факултети, во насока на промоција на имунизацијата како најдобра јавно здравствена превентивна мерка.
Настанот ќе се одржи во просториите на Економски факултет при УКИМ, со почеток во 12:30 часот.
МИА