Богоев: За промени на Изборниот законик треба консензус, a не како што сака ВМРО-ДПМНЕ

„Техничката влада беше резултат на преговори и произлезе од она што го слушнавме во 2015 година од ‘бомбите’ како дравните институции се злоупотребувале во функција на изборите. Ако тоа беше причината, сега ми е драго што со ова барање опозицијата покажува дека оваа Влада умее да организира фер и демократски избори“, изјави потпретседателот на СДСМ – Стефан Богоев, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Тој истакна дека промените на Изборниот законик мора да дојдат по пат на пошироки разговори и консензус, а не, како што рече, „произволно како што сака ВМРО-ДПМНЕ“.

„За нас е спорен начинот и тајмингот за ова барање на ВМРО-ДПМНЕ. Тие, соочени со неуспехот на нивните градоначалници, брзаат да има предвремени избори. Ние треба да разговараме и со коалициските партии, но и со помалите партии за тоа дали воопшто има потреба од техничка влада“, истакнува Богоев.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите

Во однос на прашањето за една изборна единица, како сегмент од Изборниот законик, Богоев рече дека има време до 2024 година да се отворат овие прашања.

„Ние сме подготвени за промени на Изборниот законик, но треба да бидат подготвени и другите за изборите да бидат легитимни“, рече тој.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска ќе достави до Парламентот предлог за укинување на техничката влада и ја повика власта да го поддржи заедно со барањето за предвремени избори.

Извор: МИА

- Реклама -