Ковачевски образложи зошто во Владата останаа истите министри од ДУИ

Скопје, 17 јануари 2022 (МИА) – Новиот премиер Димитар Ковачевски, образложувајќи ја одлуката да ги именува досегашните министри од ДУИ повторно во Владата, рече дека тоа го сторил затоа што е задоволен од соработката која ја имал со нив додека ја извршуваше функцијата заменик-министер за финансии.

„Луѓето со кои сум работел никогаш не сум ги дедел на кадри од одредена политичка партија или од одредено време. Секогаш ги вреднувам врз основа на нивните професионални перформанси. Со министрите кои беа дел од владата, а сега се повторно дел од оваа Влада, имав соработка како заменик-министер за финансии и можам да кажам дека лично сум задоволен од перфомансите на министрите од ДУИ кои ги предложив“, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање дали се согласува дека кадрите на ДУИ се незаменливи.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Новата Влада предводена од Димитар Ковачевски беше избрана вчера, а веќе денеска тој се сретна со претседателот Стево Пендаровски. Во дел од министерствата се одржа и примопредавањето на функциите.

- Реклама -