Скопје, 11 јануари 2022 (МИА) – Омикрон варијантата на коронавирусот e детектирана кај 68 отсто од секвенционираните примероци направени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје.
Министерството за здравтсво информира дека во периодот од 5 до 10 јануари направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив (68%) е детектиран Омикрон варијантата.
Омикрон сојот е откриен во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – седум, Тетово – шест, Велес – пет, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по два и Виница, Неготино, Битола по еден заразен.
Согласно анализите на Институтот за јавно здравје, во период од една седмица за 51 процент е зголемен бројот на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2. Регистрирани сe 8.308 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, за 3,1 пати повеќе во однос на минатата недела (n=2.641). Процентот на
позитивност се движи од 8,9 до 22,9, просечно 15,9 отсто. Најголем дел од регистрираните
случаи се од Скопје (61,3%).
Според извештаите од болниците, моментално на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице што е 41 процент повеќе во споредба со претходна недела. Од вкупниот број хоспитализирани пациенти, 156 се во Скопје на КИБФС, ТБЦ и ГОБ 8 Септември. Во останатите болници низ државата хоспиталзиирани пациенти има во Битола, Штип, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Кичево, Кавадарци и Струмица.