Париз, 3 јануари 2022 (МИА) – Пратениците Стефани Рист, Ањес Фирмин Ле Бодо или Наима Мучу беа цел на навреди и смртни закани, обвинети за нивниот „тоталитаризам“, во пресред на гласањето во француското Национално Собрание на законскиот текст за усвојување на пропусницата за вакцинација, предвидено за ноќва, јави дописникот на МИА.
„Лицата кои учествуваа во оваа тоталитарна визија за Франција, со преземање политички одлуки, ќе умрат, вклучително и вие“.
Оваа морбидно предвидување е упатено до Стефани Рист, пратеничка од редовите ма владејачката Република во Марш. Анонимен мејл како и многу други, испратен до парламентарците на мнозинството од почетокот на разгледувањето на предлог-законот за пропусницата за вакцинација. Оваа пратеничка, која по функција е и ревматолог, е вклучена во раководењето со актуелната здравствена ситуација, го сподели текстот за закана на Твитер.
„Единственото нешто што ќе го добиете од мене за возврат се куршумите“, ветува анонимниот автор, кој мнозинството го споредува со „Адолф Хитлер или кој било друг тиранин што историјата го познавала“. „Националното собрание нема право да ги доведува во прашање нашите слободи“, смета тој, пред да продолжи со своите закани.
Во „Фигаро“, Стефани Рист укажува дека ќе поднесе пријава.
Жан-Пјер Понт, известувач за законот, наведе дека „за малку повеќе од еден месец добив шест или седум закани“, и како лекар тој потврди дека „тоа нема никакво влијание врз нашата работа. Напротив, сите сме охрабрени“.
Соработничка на владејачката партија во Националното собрание за „Фигаро“ вели дека пратениците „речиси сите цело време добивале закани. Некои поднесуваат жалба и не објавуваат, други само ја медијатизираат, други ги прават и двете… За жал тоа е банално “.
На 28 декември, кога почна разгледувањето на предлог-законот, 52 парламентарци кои припаѓаат на различни политички групи добија општа е-пошта во која им беа упатени закани со смрт. Во е-пошта упатена до Ањес Фирмин Ле Бодо, фармацевт по професија и член на движењето „Хоризонти“, анонимно лице вели дека „трајно размислува само за една работа: да дојде и да ја обезглави“. “Причината? Вашата соработка, главите мора да паднат, а јас сум подготвен да дојдам и да ви ја отсечам главата за да ја покажам мојата цврстина пред вашата диктатура“. Пратеничката вети дека „нема да попушти“, мислејќи на „демократијата во опасност“. За „Фигаро“ нејзиното опкружување соопшти дека таа веќе поднела жалба.
Слична закана добила и пратеничката Наима Мучи, исто така членка на мнозинството и на партијата Хоризонти, во е-пошта потпишана од извесна „Свна Анон“, изјавува дека таа заслужува „само рафали од куршуми“ и да „ да и ја отсечат главата“. „Тоа станува бројно, се повторува“, коментира младата пратеничка која поднела и жалба. „Тоа е показател за расположението во моментот и за просечноста на дебатата во моментов. Многу брзо сме во инвективност наместо да разменуваме “, вели таа.