Москва, 23 декември 2021 (МИА) – Во периодот од 2035 до 2050 година, Кина неизбежно ќе стане водечка економска сила во светот според сите показатели, изјави рускиот претседател Владимир Путин на традиционалната годишна прес-конференција.
„Американците треба да сфатат дека не можат да го запрат развојот на Кина“, истакна Путин.
Оваа година поради пандемијата на коронавирусот, на настанот присуствуваа само 500 новинари.
Рускиот претседател ја нарече одлуката на САД за бојкот на Олимпијадата во Пекинг „дипломатски погрешна и неприфатлива“.
„Спортот треба да ги обединува луѓето, а не да создава проблеми меѓу народите и државите“, нагласи Путин.