Тирана, 22 декември 2021 (МИА) – По вчерашниот седми состанок, што во рамки на инцијативата „Отворен Балкан“ се одржа во Тирана, а на кој лидерите на трите земји од иницијативата – македонскиот премиер Зоран Заев, неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ потпишаа пет договори, позитивна оценка доаѓа од еден од најпознатите албански аналитичари, Ментор Назарко, кој при тоа користи и оценки на експерти од областа на економјата.
Според него иницијативата добива целосна форма, бидејќи наидува на поддршка од ЕУ и САД, потсетувајќи на учеството на двајца европски и американски претставници на вчерашната средба.
„Значењето мора да се види во секојдневниот живот на граѓаните, бизнисите, чија работа се поврзува со колегите, со соработниците во земјите од регионот како Северна Македонија или Србија, на територии кои не се само на Албанија. Оваа иницијатива има неколку интересни моменти, зачестеноста на средби на високо ниво кои во извесна смисла се неформални бидејќи немаат фиксен датум, фиксен редослед, но во меѓувреме имаат принцип на гласање кој не е консензус, се согласуваат страните по принципот на консензус кој е принцип и на ЕУ“, изјави тој за Њуз 24.
Додава дека се потпишани договори кои имаат практична вредност, за одредени интересни групи, поединци или бизниси и очигледно оваа иницијатива се оформува, добива уште поцелосна форма, со приклучување на иницијативата и на деловните омори на трите земји и бизнисите.
„Оваа иницијатива има димензија поврзана со релаксација, односно воспоставување на еден вид добри меѓучовечки односи на балканските лидери. Овој однос влијае и на односот меѓу општествата. Она што е исто така важно да се забележи е фактот дека по меѓусебната конфузија меѓу ЕУ и САД, кои вообичаено ги претпочитаат иницијативите што ги контролираат, оваа иницијатива наидува на нивна поддршка. ЕУ преку комесарот Вархеји ги повика другите земји кои не учествуваат да се приклучат, додека за САД, иако немаше формална облека, тоа беше Џим О’Брајан (виш советник на Атлантскиот совет), близок до администрацијата на Бајден до тој степен што тој ќе биде надзорен обвинител за замрзнатите средства на политичарите на Балканот“, рече Назарко.
Повкувајќи се на познати домашни експерти, тој додава дека целосното отворање на пазарот на Балканот тројно ќе ја зголеми земјоделската компонента на БДП за секоја од земјите.
„Се разбира, оваа меѓубалканска интеракција се одвива во услови кога Србија доминира на балканскиот пазар со своите производи, поради нејзината поголема површина, поради традицијата во економскиот и земјоделскиот развој и секако поради силното лобирање во одредени сектори, како онаа на брашното или ако одиме надвор од земјоделскиот сектор и во енергетиката или во други области. Ако тргнеме од сегашната статус кво, немаше да имаме никаков напредок“, рече тој.
Во однос на одбивањето на другите три земји да се приклучат и веројатноста дека тие ќе бидат дел од неа, тој гледа на Црна Гора со оптимизам, на Босна со скептицизам, а некои од тврдењата на Косово ги нарече погрешни, нагласувајќи дека треба имаат конструктивен пристап.
„Пред сè, Црна Гора даде важни знаци за да се приклучи на оваа иницијатива. Босна има сложена реалност, има трипартитно претседателство (Хрват, Србин, босански Муслиман, кои не успеваат да најдат консензус за поважни егзистенцијални работи, а уште повеќе не за „Отворен Балкан“), додека Косово има други објаснувања во отфрлањето на идејата. Косово мора да биде конструктивно или во планот за регионална соработка или во планот за дијалог со посредство на Брисел“, рече познатиот албански аналитичар Назарко.