Скопје, 18 декември 2021 (МИА) – Централното претседателство на „Алтернатива“ вечерва на седница ги утврди носителите на јавни функции.
За потпретседател на Собранието ќе биде предложен Хисни Исмаили, за министер за здравство – Беким Сали, за министер за информатичко општество и администрација – Адмирим Алити, и за министер без ресор одговорен за дијаспората – Џемаил Чупи. За заменик-министер за образование и наука е предложен Лулзим Алиу, а заменик-директор за култура – Даим Лучи.
На Централното претседателство се утврдени и имињата на неколку директорски позиции. За директор на МЕПСО е предложен Орхан Муртезани, за директор на Клиничката болница во Тетово – Амир Елези, директор на ПИОМ – Дритан Беџети, директор во АД „Железници на Македонија – Транспорт“ – Мубекир Палоши, за директор на Управата за водење матични книги – Блерим Абази, и за директор на Агенцијата за странски инвестиции е предложен Беким Емини.
„На седницата беа избрани и носителите на некои други јавни институции, кои ќе бидат објавени деновиве“, информираат од „Алтернатива“.