Малку познати факти за Конан О’Брајан

Конан О’Брајан Многу прав се дигна околу заминувањето на Џеј Лено од позицијата водител на The Tonight Show, иако тој веќе во септември ќе се врати на телевизија во друг термин, во шоу кое најверојатно ќе се вика The Jay Leno Show. И за сето време, никој не се сети на новиот, петти по ред водител на култното шоу во Америка – Конан О’Брајан. Еве неколку помалку познати факти за него.


Многу прав се дигна околу заминувањето на Џеј Лено од позицијата
водител на The Tonight Show, иако тој веќе во септември ќе се врати на
телевизија во друг термин, во шоу кое најверојатно ќе се вика The Jay
Leno Show. И за сето време, никој не се сети на новиот, петти по ред
водител на култното шоу во Америка – Конан О’Брајан. Еве неколку
помалку познати факти за него.

Конан О’БрајанОд 1991 до 1993 година, работел како писател за серијата „Симпсонови“. Учествувал во разработката на многу од епизодите во четвртата и петтата сезона, но како главен писател стои само на четири епизоди.

Во 1984 кога студирал на Харвард, го украл костумот на Робин (од телевизиската верзија на „Бетмен“) од актерот Берт Вард кој држел предавање. По успешните преговори, костумот бил вратен следниот ден, неповреден.

Кога го најмиле да работи како замена за Летерман на Late Night, работел со договор со важност од една недела, кој постојано бил обновуван. Оваа тактика била искористена од продуцентите за да го извлечат најдоброто од релативно непознатиот комичар и да се осигураат дека ризикот кој го презеле не бил преголем залак за нив.

Кога бил дете, одел на часови по степување.

Пред да станат познати, Конан и Лиза Кудроу (Фиби од „Пријатели“) биле пар. Се разделиле кога тој се одлучил да го напушти Лос Анџелес за да работи во Њујорк. Гласините велат оти тој не можел да ја преболи повеќе од две години, а најпосле се откажал кога таа се омажила за Мајкл Стерн во 1995. Конан ја сретнал жена си во 2000 година, но и натаму со Кудроу останале „Пријатели“.

Конан се има појавено во музичко видео. Како пријател на Џек и Мег, се појавил во "The Denial Twist" од Вајт Страјпс.

Конан и ТарјаЛетерман го поддржувал на почетоците од неговата ток-шоу кариера. Иако откако Летерман беше заменет од Конан, тој замина да работи во ривалска телевизиска станица, сепак продолжил да го поддржува помладиот пријател. Се појавил во неговото шоу неколку пати, го поканувал во сопственото шоу, а во првите денови, кога Конан не успевал да го наполни студиото со публика, Летерман му ја испраќал публиката која била на листата на чекање.

Конан О’Брајан и финскиот претседател – Тарја Халонен изгледаат како близнаци раздвоени по раѓањето. Откако Конан дознал оти има нетипично висок рејтинг во Финска, го припишал тој факт на неверојатната сличност со претседателката.

- Реклама -