Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 59
• Кавадарци – 10
• Битола – 8
• Прилеп – 7
• Штип – 3
• Тетово, Гостивар, Велес, Кочани и Неготино – по 2
• Кичево, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 6 починати лица од Скопје (39г, 71г, 74г, 77г, 80г и 81г), 2 починати лица од Куманово (75г и 80г), и по едно починато лице од Берово (77г), Битола (69г), Велес (71г), Македонска Каменица (35г) и Ресен (76г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 починати лица со датум на смрт од 29.11.2021 до 04.12.2021.
Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Струмица (1), Битола (1). Починатите лица се на возраст од 58 до 78 години. Три лица се починати во домашни услови и едно лице починат во болнички услови.
Регистрирани сe 393 оздравени пациенти од:
• Скопје – 123
• Битола и Охрид – по 37
• Кавадарци – 20
• Велес и Крива Паланка – по 19
• Прилеп – 15
• Кочани – 13
• Тетово и Куманово – по 12
• Штип и Струга – по 9
• Кратово – 7
• Ресен, Берово, Делчево и Демир Хисар – по 6
• Неготино, Валандово и Радовиш – по 5
• Гевгелија, Свети Николе и Виница – по 3
• Струмица , Пробиштип, Богданци, Македонска Каменица и Дојран – по 2
• Кичево, Крушево и Демир Капија – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.485.944 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, бројот на оздравени пациенти е 203.967, на починати е 7.658, а бројот на активни случаи изнесува 5.775.