Петровска за „Само вистина“: Не се потребни предвремени избори

СДСМ од минатиот пат го избира претседателот на непосредни избори, каде што право на кандидатура имаат сите оние што ги исполнуваат условите, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Петровска нагласи дека на последниот ЦО на СДСМ, оставката се констатира, согласно статутот на партијата, оставката на претседателот на партијата веќе не е дискутабилна, почнуваат да течат и течат роковите за избор на нов претседател, така што тоа е завршено, а оставката на претседателот на партијата Заев од позицијата на премиер ќе следи, тогаш кога ќе заврши процедурата за избор на претседател на партијата.

– СДСМ, тоа веќе и го гледаме, е во фаза на преговори и при крај е со преговорите за зголемување на парламентарното мнозинство и како одговорна поличка партија никогаш нема да дозволи државата да западне во политичка криза предизвикана од страна на претседателот Заев, истакна Петровска.

Таа појасни дека при оставка на премиерот, цела влада е во оставка, оставката се констатира во собранието на првата наредна седница и од тогаш почнуваат да течат роковите за избор на нова влада.

– Во случај ако СДСМ како политичката партија која има мнозинство во собранието нема раководство, тогаш запаѓаме во политичка криза. За да ја избегнеме таа криза претседателот Заев, ќе ја даде оставката од премиерското место подоцна, рече Петровска.

Прочитајте и:  Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга и исцрпувачка

Во врска со преговорите за зголемување на парламентарното мнозинство, Петровска истакна дека евидентно од изјавите од тие преговори е дека се договорени принципите на кои што ќе се заснова таа идна Влада во која што Алтернатива ќе биде дел.

– Тука е истакнато продолжување на европскиот пат на нашата држава, односно интегрирањето на државата во ЕУ што не значи само добивање датум или отпочнување на преговорите, тоа е еден комплексен процес во кој се засегнати сите субјекти и бара многу работа, нагласи Петровска.

Таа истакна дека многу е поважно за државата да продолжи да функционира стабилно и не треба да се бројат министерските места, туку да се справува со кризите кои се соочуваме.

– Особено сега, сметам и јас, но и СДСМ, дека предвремени избори не ни се потребни, туку стабилна политичка Влада, која ќе ги заврши започнатите процеси, порача пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

- Реклама -