Фон дер Лајен: Време е ЕУ да размисли за задолжителна вакцинација против Ковид

Брисел, 1 декември 2021 (МИА) – Време е Европската унија „да размисли за задолжителна вакцинација“ против Ковид, изјави денеска шефицата на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен, нагласувајќи дека владите на земјите-членки ќе одлучат за тоа.

„Како можеме да поттикнеме и потенцијално да размислуваме за задолжителна вакцинација во Европската унија? За ова треба дискусија. За ова треба заеднички пристап. Но, тоа е дискусија што мислам дека треба да се води“, додаде Фон дер Лајен.

Taa нагласи дека една третина од популацијата на ЕУ од 450 милиони сѐ уште не е вакцинирана.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел
- Реклама -