Заврши средбата на Заев и Гаши

По четири часа заврши средбата на премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива – Африм Гаши, за вклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство. За заклучоците ќе информира Прес-службата на Владата.

Гаши и Заев на излегување не дадоа изјава за медиумите, а Заев само кратко кажа дека имаат заклучоци и тие ќе бидат споделени од владината прес-служба.

„Имавме конкструктивна средба. Имаме заклучоци. Прес-службата на Владата ќе ги сподели сите информации“, изјави кратко Заев по завршувањето на средбата.

Премиерот Заев на средбата со Гаши беше придружуван од Ковачевски, а лидерот на Алтернатива од партискиот генерален секретар Беким Сали.

Ова е втора средба на Заев и Гаши, откако на 19-ти месецов тие разговараа за условите и улогата на Алтерантива во новото парламентарно мнозинство, а конечната одлука беше оставено да ја донесат партиските органи.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Централното претседателство на Алтернатива во петокот го овласти Гаши да почне разговори со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза, додека на седницата на Централниот одбор на СДСМ, што се одржа исто така во петокот, беше констатирана оставката на Заев од лидерската позиција во партијата, но му беше даден легитимитет да ги води преговорите за парламентарно мнозинство.

МИА

- Реклама -