Османи: Албанскиот јазик го доби своето заслужено место како службен јазик на земјата

„Денес го одбележуваме овој ден кој претставува историската точка на подигнување на националната самосвест но и литературното, интелектуално и културолошко обединување на сите Албанци“, наведува министерот за надворешни работи Бујар Османи во честитката по повод Денот на албанската азбука.

„Сто и тринаесет години од Битолскиот конгрес кога интелектуалните потенцијали на Албанците од целиот свет се обединија за да ја унифицираат сопствената азбука. Во денешната современа држава, Северна Македонија, албанскиот јазик го доби своето заслужено место како службен јазик на земјата, симболично изразено и преку одбележување на денешниот ден.

Афирмацијата на јазичното, националното и духовното наследство на секоја од заедниците во земјава преставува наш современ предизвик на кој заеднички работиме. Тоа е воедно и нашиот придонес кон европските вредности кон кои се стремиме, градејќи ги со тоа и современите темели на нашата заедничка државата“, порача Османи.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

„Нека ни е честит празникот!“, додава тој во честитката.

- Реклама -