Јанушев: Случката во четвртокот не покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е губитник, туку дека е храбра да повлече таков чекор и да се спротивстави на хибридниот режим

Случката во четвртокот (со исчезнувањето на Кастриот Реџепи) не говори дека ВМРО-ДПМНЕ е губитник од тој чин, туку напротив, дека е храбро да повлече таков чекор и да се спротивстави на хибридниот режим, изјави пратеникот од најголемата опозициска партиај – Игор Јанушев, во гостување во „Само вистина“ на ТВ „Канал 5“.

Тој истакна дека Владата на Зоран Заев е делигитимирана на изминатите локални избори, а тоа што Заев се плаши и чука по туѓи врати за пратеници, само говори за стравот кој го има кај него и неговите сопартијци.

Јанушев тврди дека покрај ВМРО-ДПМНЕ, на истиот пат се и другите опозициски политички партии кои се решени да ги развластат Заев и Ахмети. Додаде дека Алтернатива не била категорична во ставот за поддршка на власта, но дека не може да се исклучи ни таа опција. Сепак, на крајот од денот сите опозициски партии се сплотени за падот на Зоран Заев и Али Ахмети, тврди Јанушев.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

„Зоран Заев не сака да се распишат предвремени парламентарни избори и бара алиби за добивање на датум во декември, но тоа е уште една несериозна и нереална проекција на Зоран Заев. Факт е дека парламентарни избори се потребни и тие мора да се случат по 100-те дена техничка Влада, а потоа да се формира нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која што ќе ја дигне од пепелта Република Македонија”, рече Јанушев.

Тој подвлече дека македонскиот народ заслужил Република Македонија конечно да добие датум за отпочнување на преговорите со ЕУ, но, потенцира, ЕУ не е толку слаткоречива колку што се Зоран Заев и Никола Димитров бидејќи, како што рече, општеството е корумпирано и не функционира согласно европските вредности и принципи. Главен виновник за ваквата позиција на државата е Зоран Заев и врхушката на власт, категоричен е Јанушев.

- Реклама -