ВМРО-ДПМНЕ: Заев е тој кој ја уби демократијата и треба да си даде оставка, СДСМ да престане со првоаприлски пресови

„СДСМ да престане со првоаприлски пресови, работата е сериозна. Заев ги загуби изборите и треба да го оствари ветеното – оставка“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ – Богданка  Кузеска.

Опозицијата посочува дека „Заев ги изгуби изборите“ во мнозинството од општините, дека тие победиле во над 40 општини и дека СДСМ изгубил со над 100.000 гласови разлика.

„СДСМ нема легитимитет од народот за да владее. Тие се делегитимирани. Заев знае дека никој повеќе не верува во него, ниту пак го следи, затоа и не ги пушти пратениците во сала. Заев се плашеше дека и неговите пратеници ќе гласаат за негов пад. Заев киднапираше и пратеник за да може да продолжи да владее и краде.

Прочитајте и:  Митева: МЕПСО клучна функција му биле донации на спортски клубови наместо пренос на електрична енергија

Заев е тој кој ја уби демократијата. Заев треба да си даде оставка затоа што ги загуби изборите“, се вели во реакцијата.

Пратеникот Кастриот Реџепи, патем, како што информираше МВР, денеска самоволно дошол во полициска станица да потврди дека во ниту еден момент не бил исчезнат.

- Реклама -