Мили: Пентагон е апсолутно способен да го заштити Тајван од Кина

Вашингтон, 3 ноември 2021 (МИА) – Американската армија е апсолутно способна да го заштити Тајван од напад на Кина, доколку биде повикана, изјави денеска началникот на Генералштабот на САД, генерал Марк Мили.

Генералот кажа дека не очекува Кина да преземе воена акција против островот во следните 24 месеци.

Но, на прашањето дали Пентагон може да го заштити Тајван, тој рече дека нема сомнеж за тоа.

На форум за безбедност во Аспен, Мили изјави дека САД одржуваат политика на „стратешка двосмисленост“ во однос на својата позиција за одбраната на Тајван и додаде дека одлуката дали ќе интервенира, доколку Кина се обиде да ја преземе контролата врз островот, ќе биде на американскиот претседател.

-Ние сме апсолутно способни да правиме секакви работи низ светот, вклучувајќи го и тоа, доколку се укаже потреба, рече Мили. „Апсолутно имаме такви можност. Да нема сомнеж за тоа“,додаде американскиот генерал.

Прочитајте и:  Белата куќа со критики за Илон Маск откако „праша“ зошто има обиди за атентат само врз Трамп

Мили кажа дека не очекува Пекинг, кој го гледа Тајван како отцепена провинција, да преземе каква било акција против островот во блиска иднина, што тој го опиша како период до 24 месеци.

-Меѓутоа, и покрај тоа Кинезите јасно и недвосмислено го градат капацитетот да му ги дадат овие можности на националното раководство доколку тие одлучат во одреден момент во иднината, рече тој.

Мили додаде дека САД веруваат дека разликите меѓу Кина и Тајван треба да се решат по мирен пат, врз основа на волјата на народот од двете страни.

-Ние сме само заинтересирани за мирен излез, рече Мили

- Реклама -