Живот на телевизија

„Водечко светло“ „Водечко светло“ е сапунската опера која е најдолго во продукција и со тоа има свое место во Гинисовата книга на рекорди. По 72 години (или отприлика еден животен век), оваа серија најпосле ќе го доживее крајот.

„Водечко светло“ е сапунската опера која е најдолго во продукција и со
тоа има свое место во Гинисовата книга на рекорди. По 72 години (или
отприлика еден животен век), оваа серија најпосле ќе го доживее крајот.

Почетоците на серијата биле на радио. Првата епизода од радио драмата била емитувана на 25 јануари 1937, а од 1952, од радио NBC, приказната се преселила на телевизијата CBS. Од ’52 до ’68 епизодите траеле по 15 минути, од ’68 до ’77 по 30 минути и од ’77 до денес по 1 час. До 27 март 2009, емтитувани се точно 15638 епизоди. 

„Водечко светло“

 

CBS на 1 април 2009 објави дека серијата е откажана поради драстичниот пад на рејтингот. Последната епизода е закажана за емитување на 18 септември годинава.

Продуцентите сепак не се откажуваат од сапуницата и најавија дека бараат други опции за продолжување на нејзиниот живот. Опциите се кабелско емитување или интернет епизоди за бесплатно симнување. Дали ќе успеат? По 72 години, кому му е гајле?

- Реклама -