ПРОМЕНИ СО ЈАСНА ЦЕЛ – ПОЛЕСНО Е ЗАЕДНО!

Промените се секогаш добредојдени. Тие покажуваат дека е достигната одредена зрелост која е импулс за секој чекор во иднината. Токму тоа деновиве се случува и со Комерцијална банка АД Скопје, која доживува суштински промени во својот, како визуелен, така и корпоративен идентитет: редизајнирано лого, нов слоган, сосема нова веб-страница, модернизирани и дигитализирани филијали и згора на сѐ, нов видео спот, кој освен што е зачинет со еден од најубавите македонски шлагери „Како Вардар ќе дотечам“, е полн со емотивни сцени во кои се прикажуваат заедништвото, желбата за помош кога таа е потребна и разбирањето на туѓите потреби.

Токму тоа, како што посочуваат од Банката, е насоката во која отсега ќе се движат и со која сакаат да ја покажат промената која суштински ја прават – токму онака како што тоа кратко и јасно го објаснува нивниот нов слоган: ПОЛЕСНО Е ЗАЕДНО.

* Комерцијален текст

- Реклама -