Започна сезоната на ајвар во Американската амбасада. Како што „информираа“ од Калето, правењето ајвар веќе некое време е есенска традиција за амбасадорката Кејт Мери Брнз и нејзиниот сопруг. Овојпат тоа е документирано и во видео формат.
Според споделеното, амбасадорката преферира зачинет/лут ајвар, кој го нарекува „Red Dog“ во чест на нивното куче Мокси, кое исто така „учествува“ во правењето.
Најголем дел од направениот ајвар се дава како подарок на странски дипломати, посетители од САД и пријатели на амбасадорката. На тој начин се промовира ова традиционално македонско јадење меѓу Американците и други странци, додаваат од Амбасадата.
Оставаме на вас, како докажани експерти во полето, да оцените дали на Брнз добро ѝ оди мешањето во македонската кујна.