Заев: Донесовме одлука, ќе плаќаме и казни само за да ги стопираме малите хидроцентрали

Скопје, 9 октомври 2021 (МИА) – Зборуваме за обновливи извори на енергија, имаме постигнато договори за преку 650 мегавати сончеви колектори и за 500 мегавати ветерници. Само РЕК Битола 3 блока се 600 мегавати, затоа што еден ден треба да ги затвориме не подоцна од 2030 година РЕК Битола 3-те блока и РЕК Осломеј, рече денеска од општина Маврово Ростуше, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој посочи дека сите овие канализации и водни линии, прочистителни станици во иднина и новите депонии кои ќе се изградат по европски стандарди, се во прилог на заштита на животната средина.

„Денеска можеме да се пофалиме дека донесовме одлуки да платиме колку треба казни за да ги стопираме малите хидроцентрали коишто ја уништуваат цела оваа околина. Свесни од минатото, заради пари не заради нешто друго, направиле договори од коишто државата ќе плаќа и на крајот да ќе платиме но тоа се само пари но ќе го зачуваме здравјето на луѓето, ќе ја зачуваме оваа природа и оваа убавина која што ја имаме и ќе ја оставиме надоградена со повеќе зеленило и заштитена“, рече Заев.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема
- Реклама -