Бислимоски: Напаѓачот треба да ѝ се извини на институцијата РКЕ, а не на мене

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) – Марко Бислимоски, сѐ уште се консултира со своите адвокати дали да поднесе приватна тужба против Аријанит Џафери – сопственикот на „У Пауер“ против која РКЕ води постапка за одземање на лиценцата за продажба на електрична енергија, кој физички го нападна во вторникот вечерта во угостителски објект во Скопје.

„Постапката е во тек, ќе ги советувам моите адвокати и ќе видиме како ќе го решиме тој проблем во наредниот период и како ќе постапам. Напаѓачот не ми се извини мене и воопшто не е битно дали ќе ми се извини или не. Треба да се извини на институцијата, бидејќи јас ја претставувам институцијата. Марко е денес, утре ќе биде Петко, Станко, треба да имаме сите во оваа држава однос кон институциите, бидејќи институциите ја чинат државата. Интересот на државата е секогаш најбитен и ќе остане вечно“, рече Бислимоски.

- Реклама -