Бугарски новинар: И да се впишат Бугарите во Уставот, фразата „еден народ – две држави“ нема да исчезне

Впишувањето на Бугарите во Уставот нема да значи и исчезнување на фразата „Еден народ – две држави“, смета бугарскиот новинар Ангел Петров во изјава за „Сител“, наспроти министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој барањето Бугарите да бидат впишани во нашиот Устав го оцени како промена на таквата позиција на Бугарија.

„Таа фраза – ‘еден народ – две држави’, донекаде е болна тема за Бугарија. Јас не мислам дека која било одговорна влада ќе ја застапува таа теза зашто секоја официјална бугарска политика разбира дека на крајот на краиштата ние сме два одделни народи. Но, се разбира, јавното мислење, учебниците, целокупниот општествениот дискурс е таков што смета дека ако Македонците не се Бугари, а ние разбираме дека Македонците не се Бугари, тогаш тие се или потомци или на некој начин се поврзани. Односно, има таков доминантен дискурс во општеството и тој не би исчезнал со едно впишување“, изјави Петров за „Сител“.

Прочитајте и:  Средба Сиљановска Давкова - Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

Тој, исто така, смета дека нема можност за реципроцитет, за разлика од македонскиот аналитичар Александар Кржаловски, кој смета дека Бугарија треба прва да ги впише Македонците во својот Устав, за да ни покаже дека е тоа европска вредност. Целосните изјави ТУКА.

- Реклама -