„Дипломатијата и дипломатските успеси не се трка на 100 метри. Тоа е маратон во кој што се јавуваат комплексни пречки на патот. Шпанија чекала дури 24 години од денот на апликација до денот на членството, или Велика Британија 11 години со две вета од Франција пред да стане членка на ЕУ“, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање за евроинтеграцијата на земјава и блокадата од Бугарија која, според него, е единствената пречка на нашиот пат кон ЕУ.
Сепак, Османи потенцираше дека со ваквиот аргумент нема воопшто намера „да ја оправда оваа спорост на ЕУ да создаде појасна предвидливост во процесот“, бидејќи, како што рече, очигледно ние се движиме на работ на кредибилитетот на процесот.
„А кредибилитетот е најсилната енергија која што го движи овој регион напред, што нѐ држи сите заедно кон една идеја. Меѓутоа, тоа не значи дека ние имаме алтернатива и дека ние ќе се откажеме“, истакна Османи, порачувајќи дека мора да бидеме упорни да стигнеме до ЕУ, бидејќи тоа е консензуално барање на сите наши граѓани.
Прашан дали Декларацијата од Самитот во Брдо претставува назадување во процесот на европроширување, со оглед дека не беше утврден краен датум за приклучувањето на Западниот Балкан во ЕУ, конкретно до 2030 година, како што амбициозно бараше словенечкото претседателство преку премиерот Јанез Јанша, Османи го посочи примерот од 2018 година, кога тогашниот претседател на Европската комисија – Жан Клод Јункер, ја потенцираше 2025 година како временска рамка до која Србија и Црна Гора може да станат членки на ЕУ.
Запрашан во однос на тоа дали Декларацијата од Самитот од Брдо значи уназадување на прошцесот на проширување бидејќи не даде датуми, шефот на дипломатијата посочи на примерот со изјавата на поранешниот претсдетаел на ЕК Жан Клод Јункер во 2018 кога излезе со една индикативна временска рамка за 2025 како година во која што може да станат членки Србија и Црна Гора, а која
„ … Потоа излезе дека е нереална. И оттука, сметам дека спомнувањето на датуми без да има суштински прогрес кој гарантира предвидливост не ни помага на нас во регионот. Нас ни помага одржување на кредибилитетот на процесот. Ние сме лакмус тестот дали овој процес којшто го промовира ЕУ како перспектива за Западен Балкан е воопшто кредибилен или не“, рече Османи.
За економско-инвестицискиот план, шефот на дипломатијата смета дека не се работи за компензација или некаква алтернатива за нашето членство, туку истиот е суштинска поддршка за процесот на трансформација на регионот.
„Тие 29 милијади евра се за реализација на зелената агенда во регионот. Зелената агенда не се само климатски промени, зелената агенда е начин на живот, е инфраструктура е зелена економија, зелени финансии, зелен начин на живот. Тоа се новите трендови и тоа се обидува ЕУ да го помогне во Западниот Балкан“, рече Османи.
Посочувајќи го поримерот со Турција, тој поцентираше и дека пристапните преговори не се исто што и, односно не гарантираат членство во Унијата.
„Во моментот во ЕУ стравот е дека почеток на преговори значи веднаш членство на сите шест земји од Западен Балкан. ЕУ очигледно тешко функционира и затоа го спомнува и прашањето на капацитетот бидејќи има потреба за продлабочување пред проширување, односно подобрување на функционалноста со цел нови шест членки да не ја комплицираат уште повеќе функционалноста на Унијата. И сметаме дека е тоа легитимно“, рече Османи.
Извор: МИА