Филипче: Струмица е симбол на отпорот кон режимот кој владееше цели 12 години

Министерот за здравство и потпретседател на СДСМ – Венко Филипче, денеска бил во посета на Струмица и имал можност, како што објави на Фејсбук, да поразговара со граѓаните, да прошета заедно со кандидатот на СДСМ – Костадин Костадинов, на струмичкиот пазар, и да го посетат ТЦ „Глобал“.

„Струмичани се навикнати да гледаат напред, да менуваат и да подобруваат. Сигурен сум дека Коста Костадинов е на вистинскиот пат да ја продолжи успешната приказна, 15 години локално управување на СДСМ, на правилен начин, потврдувајќи го епитетот за градот – европски“, напиша Филипче на Фејсбук.

Според него, Струмица „е симбол на отпорот кон режимот кој владееше со земјава цели 12 години“.

Прочитајте и:  Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга и исцрпувачка

„Струмичани отсекогаш го избирале Најдоброто за нивниот град и знам дека и овојпат ќе биде така – заедно ќе славиме убедлива победа во прв круг на младиот Коста Костадинов“, додаде тој.

- Реклама -