ВМРО-ДПМНЕ: Анкетата на Стратум Р&Д е лажна и за политичка употреба, оваа компанија неколку пати доби пари од ФИТР

„Стратум Рид е истата компанија која во неколку наврати добива пари од скандалозните исплати на Фондот за иновации. Сега истата компанија која доби пари од власта, пред избори мести анкети за СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, за анкетата објавена денеска, а според која граѓаните се изјасниле дека СДСМ има најдобра понуда на локалните избори.

„Анкетата е лажна и за политичка употреба пред самите избори, што најдобро ја отсликува нервозата во СДСМ и поразот кој им следи. Компанијата која е соработничка на Владата сега е соработничка и на СДСМ. Веројатно самите анкети се правени на компјутерот во седиштето на СДСМ, а не врз основа на научен и репрезентативен примерок“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде тврдат дека и управителката на Стратум – Весна Кузмановиќ, е соработник и со Зоран Заев. Според нив, следниве фотографии се потврда за тоа:

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: ЈО веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР и да истражи каде завршиле над 200 илјади евра од Детска клиника
Повеќе ТУКА

- Реклама -