„Луѓето кои одбиваат да се попишат треба да бидат санкционирани“, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Одговарајќи на новинарско прашање зошто не побарале да се продолжи рокот на регистрирање и што ќе биде со тие луѓе што не се попишани, премиерот Заев наведе дека сите знаат како тече процесот на попишување, сите знаат дека внатре најголемиот број од податоците ги имаат од базите.
„Прашањата кој се прашуваат се неколку – етничката определеност, религиската определеност, начинот на одење и враќање од работа или слични прашања. Сите тие прашања или еден процент ако останаа не попишани би биле од две причини. Прво луѓе кој што одбиваат да се попишат и тие треба да бидат санкционирани“, изјави Заев.
Според ДЗС, до денес се попишани над 1.8 милион лица.