Димитров: Посетата на Фон дер Лaјен e силен сигнал за потребата од почеток на преговорите

„Добредојде во Северна Македонија за претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен!“, напиша вицепремиерот Никола Димитров на неговиот Фејсбук профил.

„Посетата е силен сигнал за потребата од дејствување и исполнување на европското верување: почеток на преговорите. Исчекор ни е повеќе од потребен за да ја вратиме вербата и надежта на младите луѓе во европската идеја и перспективата за европски начин на живот дома“, објави Димитров.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел
- Реклама -