ДЗС: Уште два дена попис, досега попишани вкупно 1.695.549 лица

Вкупно 1.695.549 лица, 526.605 домаќинства и 752.916 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле 199.819 граѓани од дијаспората.

Денеска е 24-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште два дена пописни активности.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf

Пописот официјално започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември.

- Реклама -