Позитивните трендови во економијата продолжуваат, порача премиерот Зоран Заев на Фејсбук, посочувајќи дека извозот е во пораст.
Како што наведува Заев, во периодот од јануари-јули 2021 вкупната вредност на извозот изнесува скоро 4 милијарди евра и бележи раст од 34.6% во споредба со истиот период во 2020 година.
Само во јули 2021 година, во споредба со јули 2020 година, растот е 13.2%.
Вкупната трговска размена за истиот период изнесува 9.4 милијарди евра.
Заев додава дека државава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.
„Економските политики ги градиме на солидна база, планираме на долг рок, а резултатите се веќе евидентни и во услови на светска пандемија“, порача тој.