Ули Хенес: Барселона е практично уништена, во Германија веќе ќе банкротираше

Минхен, 14 септември 2021 (МИА) – Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, ги сподели своите ставови за финансиската состојба во Барселона.

„Барселона е практично уништена! Ако случајот беше во Германија, тогаш веќе ќе беше банкротиран, и соодветниот суд ќе се занимаваше со тоа. Барселона повеќе не е пример за нас. Давид Алаба еднаш ми рече: – Сè уште сонувам да играм за Барселона. Јас му одговорив: – Со кого сакаш да преговараш? Со претседателот или со стечајниот управник?
И јас се залагам за одење до крај, меѓутоа во моментот кога сето ова повеќе не е можно да се рефинансира, треба да кажете НЕ“, изјави Хенес.

Прочитајте и:  За прв пат од 2014 година во натпревар од Ла Лига, Барселона не упати удар кон противничкиот гол

Барселона која се соочува со тешка финансиска криза, има проблеми и со спонзорите кои почнаа да ги прекинуваат договорите.

- Реклама -