Џафери нема да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за разрешување на Филипче, таква можност немало

Пратеник или пратеници не можат да побараат разрешување на министер, тоа право го има само премиерот, односно мандатарот кој го предложил за таа позиција; Ова е ставот на претседателот на Собранието – Талат Џафери, откако ВМРО-ДПМНЕ им даде рок до вторник на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани да ги поднесат своите оставки до Собранието, а во спротивно опозицијата ќе поднесе предлог за нивно разрешување.

Според Џафери, оставките на членовите на владата се поднесуваат до премиерот, а тој, ако ги прифати, потоа ги доставува до Собранието во понатамошна постапка и го известува Собранието дека член на владата поднел оставка, по што, на првата наредна седница, Собранието констатира престанок на функцијата на лицето во прашање.

Прочитајте и:  Мицкоски: Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок

За Членот 184 од Деловникот, на кој се повикува ВМРО-ДПМНЕ, Џафери вели дека тој не е основ за поднесување предлог за разрешување, туку се однесува на законодавна постапка и во ставот 3 од членот 184 се вели дека постапката за носење одлука се води како постапка во второ читање на носење Закон. „Така што, ова не е основ за емитирање на разрешување“, рече тој за „Сител“.

Член 184

Според собранискиот спикер, пратениците може да достават само иницијатива за интерпелација, а можност за постапка за разрешување воопшто не постои. Мицкоски, конкретно посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да оди по тој пат, бидејќи, како што рече, претседателот на Собранието интерпелациите ги чувал во фиока.

- Реклама -