СДСМ: Поддршката за Филипче е огромна и реална, монтажите од штабот на ВМРО-ДПМНЕ се нечовечко партиско профитерство

„Додека цела држава жали, ВМРО-ДПМНЕ монтира и шири лажни вести за министерот Венко Филипче“, реагираат од СДСМ, откако дел од интернет порталите објавија принтскринови од наводен Вибер разговор, кој сугерира дека наводно имало партиска насока за одбрана на министерската фотелја на првиот човек на здравството.

Според СДСМ, се работи за фотошоп и манипулација, при што посочуваат на неколку недоследности (означени со црвено) во еден од принтскриновите кои ги објави порталот „Република“.

„Работата и посветеноста на Венко Филипче и неговите дела се препознаени од граѓаните и ниту еден фотошоп и манипулации не можат да го избришат тоа“, категорични се од СДСМ во реакцијата.

„Јавноста уште еднаш сведочи на нечовечно некрофилско однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски. ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се извор на лажни вести, посочени и во студија финансирана од ЕУ. Нивните деструкции и лажни вести се препознаени од граѓаните и затоа нема да им поминат и овојпат повторно ќе бидат поразени на избори“, додаваат од владејачката партија.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски
- Реклама -