Кина емитува 10 милијарди тони стакленички гасови годишно

Пекинг, 10 септември 2021 (МИА) – Кина мора да воведе апсолутно ограничување за емисија на јаглерод во периодот од 2021-2025 година за да го поддржи исполнувањето на климатските цели, се наведува во новиот извештај за советодавното тело на кинеската Влада.

Кина во моментов нема одредено ограничување за емисиите на стакленички гасови, што е најголемо во светот со количина од над 10 милијарди тони годишно и кое има намера да го подигне на највисоко ниво пред 2030 година, пред да стане неутрална на јаглерод до 2060 година.

Кинескиот совет за меѓународна соработка во областа на животната средина и развојот, предводен од вицепремиерот Хан Џенг, соопшти дека Кина треба да воспостави механизми за контрола на апсолутните нивоа на емисии и ограничувања за одредени провинции и индустрии.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

Препораките на Телото, исто така, ја повикуваат Кина да ги поправи недостатоците во нејзиниот систем за цени на јаглерод, да постави детални планови и временски рокови за електрификација на својот транспортен систем и отстранување на вообичаените возила од употреба, како и за создавање енергетски систем базиран на обновливи извори на енергија.

Улогата на овој совет е да дава препораки за политиката до владата, но нивното усвојување не е загарантирано.

Кина се подготвува да објави изменети „национално определени придонеси“ за постигнување на целите на Парискиот договор од 2015 година, а претходно најави дека „ќе ги подобри своите климатски цели“.

„Се препорачува Кина активно да преземе одговорност како водечка земја во промовирањето на зелениот и нискојаглеродниот глобален развој“, се наведува во документот.

- Реклама -