Поднесувајќи оставка, министерот за здравство Венко Филипче денеска покажал одговорност, смета поранешниот пратеник Павле Богоевски. Во објава на Фејсбук, тој ја пофали неговата постапка.
„Сите си ја сакаат функцијата, но малкумина ја почитуваат доволно за да отстапат кога тоа го бара интегритетот на истата.
Венко денес покажа одговорност која често и кај многумина во македонската политика ужасно недостасува.
На хејтерите, ќе им кажам само дека политичка одговорност и вина се две сосема различни работи. Ама не очекувам дека ќе сфатат – никогаш го немаат почуствувано ниту едното, ниту другото.
Браво, другар!! ✊✊ “, напиша Богоевски.