ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Филипче не е доволна, потребно е оставка на Заев

„Оставката на Венко Филипче не е доволна, потребно е оставка на Зоран Заев кој е централниот дел на пирамидата на нефункционирањето на системот. Само оставка на Заев ќе гарантира независна и објективна истрага“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако министерот за здравство, во обраќање до јавноста, соопшти дека ја понудил својата писмена оставка на премиерот, која ја поднесува поради морална одговорност за трагедијата во модуларната болница во Тетово.

„15 животи згаснаа во институција за чија безбедност е должна и одговорна државата. Заев да не се крие позади оставката на Филипче. Овој народ виде оставки кои не беа чин на одговорност туку чин на амнестија, како што беше таа на Кирацовски или Рашкоски. Потребна е вистинска одговорност“, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -