Честитка од ДУИ и Ахмети за независноста: Земјата се соочи со многу предизвици, но од секој од нив излезе посилна

Демократската унија за интеграција, денеска по повод 8 Септември – Денот на независноста, им ја честиташе 30-годишнината од независноста на Република
Северна Македонија на сите граѓани. Еднаквоста и меѓусебното почитување се темел на заедничкиот пат кон нови предизвици и успеси како што е полноправното членство на земјата во Европската унија, порачуваат од ДУИ.

Според нив, земјава се соочила со многу
предизвици во овие три децении, но и постигнала историски успеси и излегла посилна од секое соочување.

Од ДУИ додаваат и дека високо го ценат пријателството со САД и ЕУ, како и земјите-членки, посочувајќи дека, како што се вели во честитката, „успесите на нашата земја се
заеднички со евро-американската заедница“.

Честитка за јубилејот упати и претседателот на ДУИ – Али Ахмети.

Прочитајте и:  „Левица“ најави кривична пријава за Гаши поради Предлог-законот за бранители, спикерот ќе бара да заседава Комисијата за деловнички прашања

„Триесет години подоцна продолжуваме да ја градиме Република Северна Македонија како меѓународно призната земја, со европска перспектива, со многу пријатели со кои соработуваме со цел да обезбедиме одржлива и уште подобра иднина за сите граѓани. Над темелите на референдумот, изјавата на независноста и Охридскиот договор, но и оној од Преспа и добрососедството, ние го избравме дијалогот, еднаквоста и соживотот, но и пријателство со соседите и го одредивме нашиот пат кон НАТО и Европската унија. Денес ние сме полноправна членка на НАТО и со зелено светло за членство во ЕУ. Реформите во согласност со очекувањата на нашите партнери во Брисел и Вашингтон не треба да запрат заедно со напорите за зголемување на квалитетот на животот на нашите граѓани“, порача Ахмети.

- Реклама -