Поранешниот градоначалник на Општина Карпош – Стевчо Јакимовски, кој на локалните избори во 2017 година загуби од актуелниот градоначалник од СДСМ – Стефан Богоев, вечерва на Фејсбук соопшти дека на претстојните локални избори повторно ќе се кандидира за прв човек на оваа општина.
Во изјава за „САКАМДАКАЖАМ.мк“, Јакимовски вели дека одлуката се должи на анкетите кои, како што вели, покажуваат дека тој има најголем рејтинг во Карпош и дека 60% од граѓаните не се задоволни од актуелното општинско раководство, вклучително и од Богоев, како и поради бројните повици од граѓани и пријатели повторно да се кандидира за градоначалник.
Кандидатурата, Јакимовски ќе ја поднесе преку матичната партија ГРОМ.