САД ќе платат над 2.200 долари за секој авганистански бегалец

Вашингтон, 3 септември 2021 (МИА) – Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и приватни компании имаат намера да им платат на евакуираните Авганистанци по 2.275 долари финансиска помош при преселувањето, објави Блумберг, повикувајќи се на службеник во Стејт департментот.

Според него, програмата за финансиска поддршка, која ќе започне во наредните месеци, ќе има за цел да им помогне на Авганистанците да најдат живеалиште, да купат храна и да ги испратат своите деца на училиште.

Покрај тоа, Стејт департментот се консултира со американскиот Конгрес за воведување бенефиции за бегалците, вклучително и здравствено осигурување.

Според американската администрација, од крајот на јули околу 123.000 луѓе се евакуирани од исламската република, од кои околу 6.000 се американски државјани.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари
- Реклама -