Заев: Поделбите никому не носат добро, градиме општество каде што сите се еднакви и исто вредат

„Делбите и кавгите заради теснопартиски или националистички интереси, или заради интереси спротивни на нашите стратешки определби, никому не му донесоа ништо добро, ниту ќе му донесат во иднина. Затоа ние секогаш ќе бидеме во предност пред било кој што би се обидел да го дели народот, да ги закрвува браќата и другарите меѓу себе, да сее омраза и раздор. Затоа што ние сме за сплотеност и унитарност, за просперитет и иднина. Ние градиме општество каде сите се еднакви и исто вредат“, порача премиерот Зоран Заев во обраќањето на свечената владина седница по повод 30 години независност на државата.

Доколку сме посветени на исти стратешки цели за нашата држава и за сите наши граѓани, додаде тој, тогаш сите ќе имаме поблиска соработка и нема да има длабоки поделби меѓу нас.

Прочитајте и:  Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

„Тој избор да го направиме со љубов и со верба за иднината на нашата земја. Да продолжиме заедно да ја градиме нашата земја како едно и еднакво општетство за сите, низ меѓусебна почит и разбирање. Затоа што само заедничката среќа е среќа. Да се грижиме и за среќата на секој граѓанин“, рече Заев.

Тој додаде дека денес кога се слават 30 години самостојна држава, земјава е длабока приврзана кон европскиот пат со живо и динамично општество во кое секој од нас треба да вложува за негов постојан развој.

На крајот од своето обраќање премиерот Заев истакна дека Северна Македонија самостојно ја создава својата иднина со јазна визија за патот до неа.

- Реклама -